Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меморандум за Голема Албанија месецов ќе се потпише во Приштина

Меморандум за Голема Албанија месецов ќе се потпише во Приштина

Движењето за Обединета Албанија, Албанските националистички асоцијации и Листата за природна Албанија, најавија потпишување меморандум за заживување на Голема Албанија, објавија албанските медиуми, повикувајќи се на грчкиот печат.

Лидерите на Листата за природна Албанија, Кочо Данај и на Движењето за Обединета Албанија, Тахир Велиу, соопштиле дека на 16 јули во Приштина ќе потпишат Мемерандум за соработка, чија цел е остравување на сонот за Голема Албанија,

Во албанските весниците под наслов од типот „Грчките медиуми полудеа“ и „Се планира потпишување меморандум за Голема Албанија“, наведуваат дека „главна цел е обединување на сите Албанци во една национална држава“, за што овие две национални движења ќе подготват национална стратегија.

Обединета, Природна или Голема Албнија, како и да се нарекува, предвидува обединување на Албанија, Косово, зпадниот дел на Македонија, јужниот дел на Србија (Прешевската Долина), дел од Црна Гора (поширокиот регион кај Улцињ) и дел од Грција или областа Чамерија.

Слично

Поврзани вести