Мемети: Влага, мувла и гужва во притворот кај новинарот Кежаровски
Притворското одделение во скопскиот затвор во шутка е пренатрупано, констатирал Народниот правобранител Иџет Меметипри вчерашната посета на новинарот Томислав Кежаровски. Вели дека не се исполнети минималните стандарди, има влага и мувла па веќе издале препораки и сугестии за подобрување на состојбите. За во четворток најави нова посета на затворот со цел да се провери дали се прифатени сугестиите.
Затоа, вели Мемети, се апелира да се внимава при изрекувањето мерка притвор односно тој да не се изрекува ако има други можности.
Тој истакна и дека се сретнал со сопругата на Кежаровски и ја информирал за средбата и за личните работи поврзани со новинарот сместен во притворското одделение.
И политичкиот советник во делегацијата на ЕУ во земјава, Роберт Лидл потсети дека ЕУ ја следи целата ситуација во земјава околу случајот Кежаровски. Претставниците на ЗНМ пак пред европарламентарецот Ричард Ховит изразија загриженост за високата затворската казна за Кежаровски. ЗНМ побара новинарот да се брани од слобода додека не заврши судската постапка.
Слично
