Мемети против УЈП: Граѓаните не се должни да ја кредитираат МРТ
Откако од Управата за јавни приходи почнаа присилно да наплаќаат радиодифузна такса народниот правобранител во јавноста излезе со обвинување до оваа институција и до МРТ дека наплаќањето се одвива незаконски на дел од граѓаните кои немаат обврска да плаќаат , а потоа одземените пари одбиваат да им ги вратат.
Иџет истакна дека радиодифузна такса не мораат да плаќаат иселеници, приматели на социјална помош, хендикепирани и бездомни лица а МРТ и УЈП тоа го злоупотребила незаконски работејќи, притоа одбивајќи да им ги врати одземените пари на граѓаните кога ќе се докаже дека немало потреба за присилна наплата.
Мемети потенцира дека граѓаните не се должни да ја кредитираат МРТ и дека одземените пари мора да им се вратат на граѓаните , бидејќи се нивни, а не на МРТ.
Лавина реакции и револт се јавија кај граѓаните откако УЈП минатата недела ги повика оние кои имаат заостанати долгови истите да ги платат во најкраток можен рок (до крајот на неделава).
Прочитајте и за:
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/09/so-pravo-ili-ne-smetkite-za-mtv-dignaa-nervoza-kaj-graganite/" target="blank" ]СО ПРАВО ИЛИ НЕ: Сметките за МТВ дигнаа нервоза кај граѓаните![/button]
