Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мемети: Потрошувачките права на второ место по прекршување

Мемети: Потрошувачките права на второ место по прекршување
Судството е најпроблематично како област, а на второ место се потрошувачките права,оцени Народниот правобранител Иџет Мемети во интервју за Радио Слободна Европа. Тој го заклучил ова врз основа на бројот на примени претставки од граѓаните, кои најмногу се жалеле на работата на судовите, но и на тоа како се почитуваат нивните права како потрошувачи од страна на компаниите. „На трето место е полицијата, потоа доаѓаат имотно-правните односи, затворите, социјалата“, појасни Мемети. Околу 8000 граѓани годишно бараат заштита од институцијата Народен правобранител. Само за половината од овие случаи правобранителот оценил дека има основа да поведе постапка, а во 1200 случаи навистина била констатирана повреда на правата на граѓанинот. Споредено со други општества, овој број е поголем, вели Мемети. „Мислам дека голем проблем е тоа што правната регулатива во Република Македонија многу често се менува. Честите измени, не само што им прават проблем на граѓаните, туку и јавната администрација ја прават неефективна е неквалитетна, затоа што и тие не може да се снаоѓаат во таа правна регулатива. Потребно е во иднина многу да се работи на конзистентна правна регулатива, а паралелно со тоа на тоа што значи создавање добри услови за нивна примена и едукација“, додава Народниот правобранител во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Слично

Поврзани вести