Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мемети: Граѓаните годинава со најмногу поплаки за потрошувачките права

Мемети: Граѓаните годинава со најмногу поплаки за потрошувачките права

По осум години првпат во овогодинашниот извештај на Народниот правобранител на прво место се поплаките на граѓаните за потрошувачките права, изајви  народниот правобранител Иџет Мемети.

- Можеби ќе ве изненадам, но бројките се тие, оваа година не се на прво место претставките за правосудството, туку поплаки на граѓаните за потрошувачките права. Потоа следи правосудството, работните односи, казнено поправните и воспитно поправните установи, имотно-правните односи, пензиското и инвалидското осигурување, како и социјалната сигурност и социјалната заштита, рече Мемети.

Имајќи го предвид фактот дека приливот на граѓаните кои бараат заштита на нивните права е во постојан пораст, според него, тоа значи дека се уште е голем бројот на повреди на нивните права. Говорејќи за отвореноста и комуникацијата на Народниот правобранител со органите кои ги контролира, Мемети рече дека се уште има место за подобрување на таа комуникација.

Слично

Поврзани вести