Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мексиканецот Слим го презема Телеком Австрија

Мексиканецот Слим го презема Телеком Австрија
Компанијата „Америка мовил“ на мексиканскиот мултимилијардер Карлос Слим склучи договор за зголемување на својот удел во Телеком Австрија Со една милијарда евра „Америка мовил“ ќе го докапитализира „Телеком Австрија“, со што ќе се изедначи со уделот на австрискиот државен холдинг ОИАГ. Двете компании ќе поседуваат по 28,4 отсто од „Телеком Австрија“. Мексиканската компанија ја отвори вратата за преземање на австрискиот телеком на почетокот на годинава, кога купи една четвртина од операторот. „Телеком Австрија“ во Македонија е сопственик на операторот Вип, а работи и во Белорусија, Бугарија, Хрватска, Србија, Лихтенштајн и Словенија. Со влезот на Слим најавува уште поголема експанзија на пазарите во централна и источна Европа.
Слично

Поврзани вести