Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос донираше скоро 2 милијарди евра

Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос донираше скоро 2 милијарди евра

Мекензи Скот, поранешната сопруга на основачот и извршен директор на Amazon, Џеф Безос преку својот блог откри дека минатата година донирала 1,7 милијарди евра.

И Скот е богата но таа не тежи колку богатството на нејзиниот поранешен сопруг, најбогатиот човек во светот Џеф Безос.

Поранешната госпоѓа Безос како и нејзините пријатели Бил и Мелинда Гејтс рече дека најголемиот дел од своето богатство ќе го донирта на сиромашни.

– Нема сомнение дека секој финансискиот успех е резултат на групна работа и социјални структури кои обезбедуваат можности за некои и пречки за други. Како и многумина, бев сведок на првата половина на 2020 година со ужас во очите и скршено срце. Животот никогаш нема да престане да наоѓа нови начини за покажување нееднаквост во општеството – напиша Скот.

Инаку, Мекензи по разводот од екс сопругот доби скоро 60 милијарди долари.


Слично

Поврзани вести