„Мекдоналдс“ ова не го очекуваше
„Мекдоналдс“ до крајот на оваа година планира во САД да затвори 59 ресторани, односно повеќе отколку што ќе отвори.
Тоа не се случило веќе 45 години. Состојбата во која најпознатиот ланец за брза храна повеќе затвора, отколку што отвора е последица на кратење на трошоците на компанијата.
„Мекдоналдс“ годинава планира да затвори 184 ресторани, а ќе отвори 125 нови. Покрај во Америка, затворање на филијали се планираат и на глобално ниво, со цел да се санира штетата од најголемиoт пад на продажбата во последните 10 години.
Во САД кои чинат 32 отсто од вкупните приходи на компанијата, падот на продажбата е последователен веќе седум месеци, а причината ја гледаат во се поголемото ориентирање на Американците кон алтернативните веризии на брза храна, но и растечката конкуренција.
Слично
