Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мекдоналдс ги затвора сите свои 850 ресторани во Русија

Мекдоналдс ги затвора сите свои 850 ресторани во Русија

Поради руската инвазија на Украина, Мекдоналдс објави дека привремено ги затвора сите свои ресторани и запира со работа во Русија. Во оваа земја компанијата има околу 850 ресторани и вработува 62.000 луѓе. Фирмата кажа дека ќе продолжи да ги исплатува платите.

Мекдоналдс се соочи со силни критики што продолжи да работи и откако голем број компании и брендови се повлекоа од рускиот пазар поради инвазијата на Украина.

„Конфликтот предизвика незамисливи страдања на невини луѓе и ние му се придружуваме на светот во осудата на агресијата и насилството и се молиме за мир“, изјави извршниот директор на компанијата Крис Кемпчински.

Мекдоналдс го отвори првиот ресторан во Москва во 1990 година. 

Фото: Гети

Слично

Поврзани вести