Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мехмети: На ВМРО-ДПМНЕ и олесна кога ДУИ го презеде секторот евроинтеграции

Мехмети: На ВМРО-ДПМНЕ и олесна кога ДУИ го презеде секторот евроинтеграции
ВМРО-ДПМНЕ почувствува олеснување кога ние го презедовме евроатлатнското портфолио во владата, бидејќи на тој начин во секој момент одговорноста би можеле да ја префрлат врз нашите плеќи, изјави пратеничката Ермира Мехмети-Деваја во интервју за порталот „Порталб“. На прашањето, дали ДУИ сноси одговорност за неуспехот на овој процес, имајќи предвид дека поранешниот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски, актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, побара оставка и од вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, Мехмети вели дека пристапот на нивниот партнер во власта по ова прашање е циничен. - Не би сакала да бидам погрешно сфатена, но би рекла дека мојот впечаток е дека пристапот на нашиот партнер во власта во врска со овој проблем е најмалку циничен. Се чини дека тие почувствуваа олеснување кога ние го презедовме евроатлатнското потфолио во владата, бидејќи на тој начин во секој момент одговорноста би можеле да ја префрлат врз нашите плеќи. Но, јас би рекла дека одговорноста за овој процес паѓа врз оние кои што го персонализирале и го емоционализирале прашањето кое што треба да се третира како прагматично и реалистично. Овој пристап сигурно го нема ниту ДУИ, ниту кој било друг албански политички субјект - вели Мехмети. Таа е децидна дека на Македонија не и се потребни предвремени парламентарни избори, туку решение за името. Дипломатската офанзива на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја оценува како вистинска акција за да се сензибилизираат меѓународните центри на одлучување околу позициите на Албанците во Македонија, во врска со, како што наведува, ургентноста на интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.
Слично

Поврзани вести