Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мехмети бара СЈО да поведе постапка за монтирани снимки со кои ја уценуваат

Мехмети бара СЈО да поведе постапка за монтирани снимки со кои ја уценуваат

Пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети  го повика Специјалното јавно обвинителство да поведе постапка за снимката од приватен телефонски разговор, кој е постиран на Јутјуб, а за се тврди дека е меѓу неа и вицепремиерот, Муса Џафери.

„Станува збор за монтирани снимки кои се користени за политичка уцена уште од јануари. Јас дадов исказ во Јавното обвинителство да го истражува случајот, а го повикувам и Специјалното Обвинителство да поведе постапка“ - пратеничката.

Од нејзината партија претходно изјавија дека ќе бидат поднесени пријави до повеќе институции, за нереагирање и непреземање мерки во заштитата на приватноста и кривични пријави до медиумите кои овие разговори ги објавиле.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на вчерашната прес конфереција ги повика сите кои се засегнати со вакви нелегални материјали да го пријават тоа во Обвинителството за поведување соодветна кривична постапка, а лицата кои поседуваат вакви снимки да ги достават до СЈО.

Слично

Поврзани вести