МЕЃУНАРОДНИТЕ ОЛЕСНУВАЧИ ПРИТИСНАА: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ прифатија прочистување на Избирачкиот список!
После пратиски препукувања на повидок е договор за методологијата по која ќе се прочистува Избирачкиот список.
Од партијата на Али Ахмети, коалиционерот на владеачката гарнитура преку соопштение велат дека ја прифаќаат предложената и подготвената методологија од страна на Државната изборна комисија за чистење на Избирачкиот список.
„ДУИ го презема овој чекор со цел да се надминат сите можни пречки за изборниот процес и ги повикува сите страни да го дадат нивниот придонес за да се заклучи овој важен процес за земјата. ДУИ ја запозна Државната изборна комисија за оваа одлука и се надева дека партиите ќе ги стават државните интересите на пред партиските интереси“, се вели во соопштението.
И од партијата на Власт се јавија со охрабрување до ДИК. Тие бараат целосни максимални напори за исполнување на на обврските за кои има доволно време и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера.
Засега според информациите кои ги објавуваат медиумите во игра се неколку варијанти за прочистување на списокот, преку теренска проверка или споредба на податоци на гласачите преку податоците на неколку државни институции како на пример МВР и Фондот за здравство.
Денес попладне во Клубот на пратениците продолжуваат разговорите на работните групи.
Меѓународниот олеснувач Питер Ван Хауте пак добил насоки од Вашингтон и Брисел да ги интензивира преговорите со работните групи и во што е можно пократок рок да бидат затворени сите точки од Договорот од Пржино. Во меѓувреме, се разгледуваат нови можни термини за одржување на предвремените избори кој првично требаше да се одржат на 24 април.
Средината на јуни или во текот септември се месеци кои според неофицијални информавии се разгледуваат. Неофицијално дознавме дека во однос на датумот за одржување на изборите постоеле разлики и помеѓу меѓународните посредници. За Вашингтон избори не треба да има колку да се каже дека тие се одржале, додека Брисел ја заговара тезата дека кога ќе се постави одреден рок тој мора да се испочитува. Новиот датум најверојатно ќе биде познат во текот на оваа недела .
Во изјава за Алсат-М еврокомесарот Хан посочи дека суштината и спроведувањето на процесот на изборите е поважно токолку датумот за избори.
