Меѓународните олеснувачи го скроија изборниот модел?!
Меѓународната заедница останува принципиелна на ставовите дека мора да бидат запазени роковите за исполнување на обврските превземни со договорот од Пржино. Меѓународните олеснувачи, имаат готов изборен модел кој ќе го понудат доколку до крајот на денот четирите партии не постигнат договор.
„ Сосема е извесно дека договорот ќе падне во „пет до 12“ , како што тоа се случи и со изборот на Специјалниот јавен обвинител“, брифираат извори за Фактор.
Преговорите најверојатно ќе траат до доцна во ноќта, а ако работните групи не постигнат согласно договорот, странските олеснувачи на маса ќе презентираат готово решение кое партиите ќе мора да го потпишат .
Инаку, и натаму најделикатно прашање останува гласањето на дијаспората, начинот на прочистување на избирачкиот список , спорните точки кои се однесуваат на работата и надлежностите на ДИК . Сосема е извесно дека Државна изборна комисија ќе има зголеми ингеренции со зајакнати експертски капацитети.
Најверојатно и за изборите во април 2016 година ќе останат досегашните шест изборни едници и тројца пратеници од дијаспората. Што би значело дека предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за една изборна единици нема да биде прифатен. Уште во април до година ќе има шест изборни едници, потоа ќе се прави терен за целосна промена на изборниот модел, велат извори за Фактор .Актуелниот пропорционален модел од шест изборни единици протежира двопартизам, кој е полош од еднопартизмот. Овој модел им одговара само на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ , без притоа да им се даде поголема можност на помалите партии, што станува погубно за една земјата која се прокламира за демократска , посочуават консултирани правници за Фактор.
Во составот на ДИК ќе има по тројца претставници на власта и опозицијата и тројца независни експерти кои не би смееле да имаат никаква партиската поврзаност . По изборниот модел, следното прашање за кое четирите партии ќе треба да се договорат е Македонската радио телевизија.
Горазд Чомовски
