Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународните кредитори пристигнаа во контрола на Грција

Меѓународните кредитори пристигнаа во контрола на Грција

Во Грција пристигна делегацијата на меѓународната кредиторска „тројка“  во рутинска проверка на финансиската состојба на земјата.

Мисија на „тројката“  во пресрет на исплатата на следната транша од помошта е да направи проценка на состојбата во која се наоѓа грчката економија, како и на напредокот во спроведувањето на договорените реформи.

Според најавите, вниманието ќе биде насочено кон намалувањето на вработените во јавните служби, процесот на приватизација на државните претпријатија, борбата против затајувањето даноци   и докапитализацијата на четирите најголеми банки во Грција.

Меѓународните кредитори бараат до крајот на годината да бидат отпуштени уште 25.000 државни службеници и вработени во јавниот сектор.

Слично

Поврзани вести