Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународните кредитори ја опоменуваат Грција за наплатата на данок

Меѓународните кредитори ја опоменуваат Грција за наплатата на данок

Грција мора да биде поодлучна во справувањето со затајувачите на данок, како што се лекарите и адвокатите, се вели во извештај на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Атина има собрано само половина од долговите во данок и спроведени се помалку од половина од ревизиите кои ги побараа нејзините кредитори, покажа истражувањето кое го спроведоа меѓународните кредитори во ноември.

- Мисијата изразува загриженост дека властите заостануваат и оти постои ризик да се намали интензитетот на борбата против затајувањето данок од страна на многу богатите и слободни професии, стои во извештајот.

До крајот на септември властите спроведоа 440 проверки на осомничени богати даночни затајувачи, а целта за цела година беше 1.300. Досега се собрани околу 1,1 милијарди евра од задоцнета даноци, а целта беше да се соберат две милијарди.

Кредиторите ја повика Грција да ја подобри наплатата на даноците и да се фокусира на случаи кои имаат најмногу шанси да дадат резултати. - Лекарите и правниците се добро место од каде треба да се почне, велат тие.

Слично

Поврзани вести