Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународната заедница го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина

Меѓународната заедница го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина
Со низа позитивни пораки беше дочекан договорот меѓу Приштина и Белград. Според  Европскиот комесар за проширување Штефан Филе, овој договор ќе помогне и на Белград и Приштина на патот кон Европската унија (ЕУ), а според него многу е важно да биде тој поддржан од политичарите и јавноста во двете земји. „Ова е историски ден за односите меѓу Србија и Косово, целиот западен Балкан и ЕУ", наведува во соопштението Филе кој вели дека двете земји можар да сметаат на поддршката на Брисел.
За  претседателот на Европската комисија(ЕК) Жозе Мануел Баросо, ова е историски договор. „Го поздравувам напредокот што го направија Србија и Косово во дијалогот под покровителство на ЕУ. Ова е историски договор, што сега мора брзо да биде спроведен. Им честитам на лидерите на обете страни на нивната посветеност, храброст и визија", стои во неговото соопштение.
НАТО е подготвен да го поддржи договорот Белград - Приштина

Според генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен,  НАТО е подготвен да ја поддржи имплементацијата на договорот меѓу Белград и Приштина.

„Договорот претставува чекор напред за регионалниот мир и стабилност и дава нов импулс за евроатланската интеграција на регионот“, истакнува Расмусен кој додава дека НАТО ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на Косово како и досега.

Премиерите  на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел го парафираа двостраниот договор, со што ги завршија преговорите меѓу Белград и Приштина за нормализирање на меѓусебните односи.

Слично

Поврзани вести