Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународната заедница бара посветено спроведување на политичкиот договор

Меѓународната заедница бара посветено спроведување на политичкиот договор

Европратениците кои учествуваа во создавањето на договорoт од Пржино се огласија за најновите случувања во нашата земја и одлуката за аболиција донесена од претседателот, Ѓорѓе Иванов.

Ричард Ховит, Едвард Кукан и известувачот за земјава, Иво Вајгл, ги повикаа партиите посветено да го спроведат политичкиот договор, вклучително и одредбите за владеење на правото и осигурување на кредибилни избори.

Aболиција без  потребниот судски процес ги штити корумпираните политичари и нивните соработници, напиша во порака американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Оставете ги Специјалното јавно обвинителство и судовите да ја вршат својата работа, наведува Бејли.

Присуството на корупција не е закана за демократските општества туку неказнивоста, напишаа на Твитер од американската амбасада.

Слично

Поврзани вести