Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународен саем за градежништво од утре во халите на Скопски саем

Меѓународен саем за градежништво од утре во халите на Скопски саем
Повеќе од 300 компании од утре до 7 март во халите на Скопски саем, ќе имаат можност да се претстават на Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Саемот е организиран во три хали, каде компаниите ќе нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти. Во рамки на саемот во Метрополис Арена, по петти пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo. Компаниите ќе им понудат на посетителите станови со попуст и до неколку илјади евра, што ќе важат само за саемските денови, а ќе бидат понудени над 3 000 станови. Исто така, за посетителите ќе биде организирана и наградна игра ,,Награда за надоградба” со вредносни ваучери. На саемот ќе се одржуват и стручни програмски активности на теми на енергетска ефикасност, фасадни системи и еко иновативни материјали.
Слично

Поврзани вести