Меѓупартиски препукувања на власта и опозицијата во Центар
Преку сооштение Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека вчера иако сакале не присуствувале на седницата на општина Центар која се одржа во паркот спроти Бристол единствено како што тврдат поради грубите закани и спречувањето од страна на партиски активисти на СДСМ и ЛДП.Според нив не се работи за никаква вондредна седница на советот туку за мини партиски собир и евтин театар со кои се злоупотребени граѓаните на општина Центар.Сепак претседателот на советот Мирослав Шиповиќ денеска ги повика да ги посочат лицата кои ги попречиле да дојдат , во спротивно најави дека ќе поднесат тужба за клевета.
„Прашувам дали инцидентот кој е тешко кривично дело, веднаш бил пријавен во полиција ,имајќи во вид дека Илиоски е правник верувам дека тоа го сторил.Покрај тоа,бидејќи точно посочуваат дека тоа биле членови на ЛДП и СДСМ ги повикуваме да ги идентификуваат со помош на полицијата и другите органи на власта.Доколку во рок од 5 дена нема разврска на случајов ,ќе сметам дека советниците на Вмро-Дпмне предводени од Илиоски лажат.Во тој случај Сдсм и Лдп ќе поднесат тужба за клевета“ изјави Мирослав Шиповиќ-претседател на Советот на општина Центар. Инаку синоќа општината Центар ја одржа својата прва вондредна седница во паркот до Бристол со единствена точка како што беше напоменато вандалското сечење на дрвјата.На седницата се поставија низа на прашања од страна на советниците на СДСМ.Зошто да се гради зграда на советот за радиодифузија токму во Центар притоа уништувајќи цел парк ,а државни парцели зјаат празни во останатите населби од градот.Вмро-Дпмне се фали со садници на планините ,а што останува во Центарот на градот,како да дишат граѓаните во централното градско подрачје прашаа советниците од СДСМ.Беа упатени пораки со цел да се престане веќе со масовната сеча на децениските паркови за на нивно место да бидат изградени згради за државната администрација.Собирите во паркот до Бристол продолжуваат и денеска. Инаку според јавно објавените документи СРД го закупил просторот од Агромеханика без претходно да биде распишан јавен оглас. Закупениот простор од 835 метри квадратни се издава по цена од 8,5 евра или вкупно околу 7100 евра. СРД е под кирија од од неговото основање во 1997 година.
Слично
