Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка ја обновуваат соработката со Венецуела
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка објавија дека ја обновуваат соработката со Венецуела.
Според Ројтерс, односите со Венецуела се прекинати од 2019 година поради спорови околу признавањето на владата, но сега се обновени со поддршка на мнозинството членови на Фондот.
Директорката на ММФ, Кристалина Георгијева, изјави дека Фондот соработува со венецуелската влада под водство на привремената претседателка Делси Родригез.
На почетокот на годината, САД извршија напад на Венецуела и го заробија сега веќе екс претседателот Николас Мадуро, кого го товарат за наркотероризам. По ова, дојде до промени во власта и сега на чело на Венецуела е Родригез.
Слично
