Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународниот аеродром во Атина преминува под канадско управување

Меѓународниот аеродром во Атина преминува под канадско управување

Меѓународиниот аеродром во Атина „Елефтериос Венизелос“ минува под контрола на Канаѓаните, соопшти грчкото издание „Њуз ин“.

Денеска е соопштено дека германската градежна компанија „Hochtief“ ја продала својата филијала за управување со аеродромот на канадскиот пензиски фонд „Паблик сектор пеншн инвестмент борд“ (Public Sector Pension Investment Board) за 1,5 милијарда евра.

Германската компанија поседува околу 40 отсто од грчкиот аеродром.

„Hochtief“ инвестира и управува со  аердоромите во Атина, Будимпешта, Диселдорф, Хамбург, Сиднеј и Тирана. Годишно преку овие аеродроми минуваат околу 95 милиони патници.

Во 2012 година компанијата се обиде да ја продаде својата филијала за управување со аердромите, но доби понуда од под една милијарда евра, иако бараше 1,6 милијарда евра.

Слично

Поврзани вести