Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународен притисок за ослободување на Кежаровски, судот тера по свое!

Меѓународен притисок за ослободување на Кежаровски, судот тера по свое!
Делфин Алгон, директорката за САД во организацијата Репортери без граници, ја потсетува македонската влада на Членот 16 на Уставот, за заштита на изворот на информацијата, и ја повикува ЕУ да ги нагласи правните стандарди, во коментар по пресудата за Кежаровски, пренесе Глас на Америка на македонски јазик. Репортери без граници веднаш и со шокираност реагираше на казната четири и пол години затвор за Кежаровски.  За Алгон, најзагрижувачки е „замрзнувачкиот ефект што го има оваа строга казна, дека новинарите во Македонија сега ќе мора работат под закана дека би можеле да добијат строги затворски казни“. Инаку, според Индексот на слобода на печатот на Репортери без граници Македонија котира - на 116-то место од 179 земји.  Алгон наведува дека случајот Кежаровски ќе се одрази и во идниот Индекс, што ќе биде издаден во февруари идната година.
„Оваа казна е нова потсетница за нас дека ситуацијата во Македонија се влошува“, вели претставничката на меѓународната организација за заштита на новинарската професија.
ЗНМ бара аболиција, адвокати од регионот се исчудуваат на високата казна Од друга страна во Скопје откако Министерството за правда се уште не одговорило на барањето на ЗНМ за аболиција на Кежаровски, здружението на новинари побара интервенција од премиерот Груевски. Според адвокати од регионот, пак кои имаат искуство со случаи во Хашкиот трибунал,  казната за Кежаровски е висока.
Против новинари не се сеќавам некој да бил казнет. Во еден момент се обидоа мене да ме казнат со околу 2 илјади евра но по жалбата беше укинато затоа што на една седница спомав име на заштитен сведок. Така да за вакви дела казните секогаш биле парични. Ова е драконска казна и не се сеќавам некој да бил вака казнет во Хаг, изјави Анто Нобило – адвокат од Хрватска Казната околу четири и пол години е повеќе од драстична. Тоа ќе биде порака за јавноста дека не може се да се работи. Имаме некои строго утврдени правила поготово кога се работи за државите кои се во процес на пристапување кон ЕУ и се внимава на секој нивен чекор, изјави Драгољуб Ѓорѓевиќ, адвокат од Србија.
И европските новинари бараат ослободување Организацијата за медиуми во Југоисточна Европа СЕЕМО денеска изрази загриженост од пресудата на новинарот Томислав Кежаровски, како и од спречувањето на новинарскиот протест во Скопје поради неговата долгогодишна казна.
„Тие настани се алармантни и испраќаат јасна порака до другите новинари во земјата сами да се цензурираат и да прекинат со истражувачко новинарство. Ги повикувам властите веднаш да го ослободат Кежаровски“,вели генералниот секретар на СЕЕМО Оливер Вујовиќ. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести