МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ТАТКО НА ТРИ ДЕЦА И ТИНЕЈЏЕР, надлежните се уште не ја утврдиле причината за тешката несреќа меѓу два воза во која загинаа три лица, истрагата продолжува
Полициската управа на Сисак-Мославина соопшти што досега е познатото за сериозниот судар на двата возови кај Новска во Хрватска. Она што го посочија официјално е точниот термин на несреќата. На почетокот потврдија дека ударот се случил во петокот на 9 септември во 21 часот и 30 минути во близина на градот Рајиќ во месноста Новска.
Нагласија дека во тој момент патничкиот налетал на стопираниот товарен воз и дека двајцата сообраќале од правец Окучани - Новска.
„Криминалната истрага спроведена досега, предводена од окружниот државен правобранител во Сисак со стручна помош на претставници на Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај, експерти од Хрватските железници, како и со со соработка на полициски службеници прибрале информации дека од „засега непотврдени причини патничкиот воз удрил во задниот дел на товарниот воз, кој бил запрен на тој дел од пругата поради можна неисправност“, велат оттаму.
Понатаму истакнаа дека во железничката несреќа загинале три лица (на возраст од 17, 52 и 60 години), а повредени се 11 патници од патничкиот воз.
„Медицинска помош му е укажана и на машиновозачот на товарниот воз. Две лица се тешко повредени, а девет полесно. На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Нова Градишка, Општата болница Славонски Брод и Жупаниската општа болница Пакрац. Меѓу патниците во патничкиот воз имало и осум државјани на Иран, за кои на 9 септември е утврдено дека илегално влегле во Република Хрватска на подрачјето на Славонски Брод. По спроведената управна постапка согласно Законот за шенгенските граници и Законот за странци, им беа издадени решенија за враќање со рок да ја напуштат Европската економска зона во рок од седум дена. Решенијата им се издадени пред железничката несреќа“, додаваат оттаму.
Во продолжение на истрагата на местото на железничката несреќа, одговорните лица на Хрватските железници пристапија кон поместување и отстранување на делот од товарниот воз кој не беше оштетен, како и ангажирање кранови за подигање на уништените вагони со цел да се овозможи понатамошна истрага, но и да се обезбеди проодност на патеката. Кривичната истрага се уште е во тек, заклучува хрватската полиција.
Фото: Принтскрин/Телеграм
