(ВИДЕО) Меѓу мигрантите во Суботица откриени и опасни луѓе од Авганистан
Меѓу мигранти во Србија е откриен авганистански генерал и снајперист. Еден од уапсените е Абдул Башир Хасани, познат како „Капетан“ офицер на поранешната авганистанска војска.
Полицијата во областа на Суботица на северот од покраината Војводина меѓу 109-те откриени илегални мигранти нашла генерал и снајперист на авганистанската војска по кои Франција распишала меѓународни потерници поради најтешки кривични дела и тероризам, објави агенцијата Танјуг. Имало уште 23 „лица од безбедносен интерес“ против кои ќе бидат преземени законски мерки. Во текот на акцијата на работната група за борба против криумчарењето луѓе и нелегални миграции во Радановачката шума во близина на српско-унгарската граница, пронајдена е и автоматска пушка со две рамки за неа и муниција, како и помало количество марихуана.
Последниве месеци во Србија имаше вооружени судрии меѓу мигранти.
