Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЃУ ЕУ И РУСИЈА: Каде Вучиќ сака да ја придвижи Србија?

МЕЃУ ЕУ И РУСИЈА:  Каде Вучиќ сака да ја придвижи Србија?

Српскиот претседател, Александар Вучиќ ветува дека ќе ја внесе земјата во ЕУ, додавајќи дека тоа што Русија ја вооружува српската војска не ја загрозува таа цел, објави Танјуг, цитирајќи делови од интервјуто на Вучиќ за американската АП.

„Ние знаеме каде се движиме, на нашиот пат кон ЕУ, тоа е стратешка цел на нашата земја. Истовремено, сакаме да ги сочуваме добрите односи со Русија, Кина, САД и сите останати“ - вели Вучиќ во интервјуто.

Претседателот  наведува дека „секој член на Владата дава се од себе за исполнување на целите, а една од нив е полноправно членство во ЕУ“.

„Сметам дека мора да бидеме дел од ЕУ. Тоа е моја задача, тоа е моја работа и јас ќе го направам тоа“ - изјави Вучиќ.

Тој признава дека неговото националистичко минато како висок член на партија, која се борела за ширење на српските граници на Балканот за време на конфликтите со соседите, предизвикало извесен сомнеж во искреноста на неговото преминување во прозападен реформатор.

Слично

Поврзани вести