Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓаши бара похумани услови за децата бегалци

Меѓаши бара похумани услови за децата бегалци
Од Првата детска амбасада во светот Меѓаши бараат похумани услови за децата бегалци. Велат дека се сместени во импровизирани шатори на ниски температури, во кал, каде се шири непријатен мирис. Објаснуваат дека во меѓуграничната зона меѓу Мaкедoнијa и Србија, надвор од Трaнзитниoт центaр Тaбaнoвце состојбата сo децaтa бегaлци е многу лоша. „Ваков третман со децата бегалци не само што не е хуман и човечен туку е деградирачки за едно детско битие кое бара спас и надеж од голготата на војната од која избегалo. И наместо отворени врати и раце сите во Европа ги пречекуваат со бариери, бодликави жици и третман недостоен за било кое човечко суштество. Да се штитат државите од децата бегалци со импровизирани шатори, заглавени во калта, со влага која станува секојдневие е понижување на детското достоинство. Паднаа во вода Конвенцијата за правата на детето и другите меѓународни документи за заштита на децата на кои Европа толку се повикува“-велат од Меѓаши. Ги повикуваат сите организации кои се борат за заштита на правата на децата, да помогнат за да се промени нехуманиот третман кон децата бегалци.
Слично

Поврзани вести