МЕГА ПРОЕКТ ВРЕДЕН МИЛИЈАРДИ ГИ СПОИ ЕВРОПА И АЗИЈА: Никна третиот мост над Босфорот!
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отвори свечено третиот мост во пролева Босфор кој ќе ги поврзува континентите Европа и Азија.
„Дали сте подготвени?“, ја праша Ердоган толпата со веечки знамиња пред да ја отсече лентата на најширокиот висечки мост во светот.
Подоцна тој помина по него со автобус, следен од голем конвој на силите за безбедност.
Мостот 2Султан Селим“, кој е и еден од најдолгите висечки објекти во светот, е дел од проектот на претседателот за создавање на „нова Турција“ со модерна инфраструктура и големи градежни проекти.
Должината на главниот дел на објектот е 1408 м, а ширината - 59 метри. На мостот има осум ленти за движење на возила - по четири во секоја насока, и две железнички линии. Двете потпори на мостот се издигнуваат до 322 метри надморска височина. Мостот е изграден од турско-италијански конзорциум.
Официјално изградбата на мостот започна во мај 2013. Вреди околу три милијарди долари. Инвестициите се приватни и во првите десет години со овој објект ќе стопанисува конзорциум, а потоа средствата ќе бидат префрлени кон државата. Вкупната вредност на градежните работи, ако се вклучат и начините за пристап, инфраструктурата, компензаторно уредување, доаѓа до износ од околу 6 милијарди долари. Преминувањето преку мостот се наплаќа - околу 3,4 долари за автомобили и околу 15 долари за камиони кон Азија. Од Азија кон Европа е можно да не се плаќа.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/DailySabah/status/769205799839293440?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Мостот е дел од северниот транспортен систем на Турција. Благодарение на кратките правци ќе отпадне потребата од пресекот на голем дел од градот и ќе се заштеди на превозниците и државата околу 1,75 милијарди долари годишно. Ќе има и позитивно влијание врз животната средина во Истанбул.

Слично