Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев тврди дека имаат опасно оружје

Медведев тврди дека имаат опасно оружје

Имаме тивко, но опасно оружје, вели поранешниот руски претседател, Дмитри Медведев. Тој има нов предлог.

Бара да се прошири списокот на производи од непријателски земји на кои им е забранет увоз во Русија и рече дека Русија нема да купува ништо од таквите земји. 

Медведев објасни дека Русија ќе продава храна и земјоделски култури само на пријателски земји: и за рубли и за нивната национална валута во договорени количини, пренесува „Спутник“.

„Нашата храна и земјоделски култури ќе им ги продаваме само на нашите пријатели (за среќа, ги има многу надвор од Европа и Северна Америка). Тие ќе може да плаќаат во рубли и во нивната национална валута во договорените количини“, посочи тој.

Медведев вели дека домашниот пазар ќе има приоритет во снабдувањето со храна, а властите ќе им помогнат на земјоделците и ќе ги контролираат цените.

Откако Русија ја почна инвазијата на Украина, Западот воведе санкции.  Целта беше да и зададат економски удар на Русија. 

Литванија е земја која нема веќе да го користи рускиот гас.  Белорусија за рускиот гас ќе плаќа во рубљи. 

Слично

Поврзани вести