Медведев: Состојбата во Русија во голема мера зависи од случувањата во ЕУ
Kризата во Европската унија е многу сериозна закана за Москва, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за Франс прес и весникот Фигаро и истакна дека половина од трговската размена на Русија се врши со ЕУ.
-Состојбата во нашата земја во голема мера зависи што се случува во економиите на Европската унија", изјави рускиот премиер и рече дека износот на трговската размена меѓу Русија и ЕУ е околу 300 милијарди евра.
Медвевдев исто така истакна дека не е многу убеден во напорите на ЕУ да ја промени состојбата со кризата.
-Понекогаш ми се чини дека на нашите европски партнери им недостига енергија и желба да донесуваат одлуки. Важно е да се постигне договор не е премногу доцна", рече Медведев.
-Внимателно пратиме што се случува во ЕУ, еврозоната и слабите врски, како што се Грција, Шпанија и други места", продолжи тој.
Премиерот на Русија ја потврди својата поддршка за еврото и рече дека 41 отсто од руските девизни резерви се во евра, а тоа е зошто Русија сака еврото да продолжи да биде стабилна валута.
Медведев, исто така, призна дека има премногу напредок во модернизацијата на Русија, која се уште е премногу зависна од нафтата и гасот.
Слично
