Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев: опасни се, српското министерство: не се!

Медведев: опасни се, српското министерство: не се!
Додека премиерот на Русија Медведев тврди дека српските јаболка се опасни, од Србија со сосема поинаков став, od министерството за земјоделство на оваа земја велат дека ниедно овошје и зеленчук не е вратено во земјата во 2013-та година. -Фитосанитарната инспекција оваа година зема повеќе примероци од различни сорти на јаболка со цел да се испита количеството на пестициди.  Резултатите од анализите покажаа дека остатокот на пестициди на јаболката е во склоп со важечкиот правилник, наведуваат од министерството. Според податоците на граничната фитосарна инспекција и фотосарната инспекција за безбедност на храна, ниту еден свеж производ ( јаболка, грозје, круша, слива и зелка) не е вратена во нашата земја, истакнуваат од министерството. Од здружението “Плодови Србија“ пак, истакнуваат дека до сега не се сличило да имаат никакви посериозни проблеми околу трговијата со овошје со Русија и дека на тој пазар минатата и оваа година во првите два месеци се извезени скоро 70.000 тони јаболка. Сепак податоците на руски Ростат покажуваат дека за девет месеци од крајот на 2012-та и почетокот на 2013-та година од Србија во Русија е извезено 31.000 тони што е драстично намалување. Русија е значаен купувач на српски јаболка, за што зборува и податокот дека од 90 до 95 отсто од вкупната извезена количина на тоа овошје од Србија во 2012 година и во првите два месеци од оваа година завршиле токму на рускиот пазар.  
Слично

Поврзани вести