Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев кажа колку ќе чини гасот годинава и се пошегува со Европа

Медведев кажа колку ќе чини гасот годинава и се пошегува со Европа

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев вели дека цената на гасот до крајот на годинава во ЕУ ќе се искачи на 5.000 евра за илјада метри кубни. 

Тој претходно велеше дека 2022 година ќе заврши со цена од 4.000 евра.

„Во врска со поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ги зголемам прогнозните трошоци на 5.000 евра до крајот на 2022 година“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој објавата ја завршува иронично со англиската фраза „со топли поздрави– со топли желби“.

Цените на гасот во петокот достигнаа 3.525,9 долари и направија уште еден чекор кон историскиот максимум од 3.892 долари.

Рускиот претседател Владимир Путин може да си дозволи целосно да го прекине извозот на гас во Европа. 

Неговата земја може целосно да го прекине извозот на природен гас во Европа повеќе од една година без да предизвика значителна штета на националната економија, објави Блумберг, повикувајќи се на стратези на „Капитал економикс“.

Слично

Поврзани вести