Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медведев: Биткоинот можеби ќе исчезне, но не и неговата технологија

Медведев: Биткоинот можеби ќе исчезне, но не и неговата технологија

Рускиот премиер Дмитриј Медведев на економскиот форум во Москва говореше за предизвикот кој го наметнаа криптовалутите и неизвесноста околу нивниот ефект врз економијата и примената во трговијата. Тој смета дека криптовалутите како појава биле предвидени уште во минатиот век, но се уште е тешко да се дефинираат што е главоболка која ја имаат и експертите.

„Денес, сите се прашуваат каде е крајот на оваа трка со криптовалути. Можеби е ќор сокак на сајбер-револуцијата. Не може да се исклучи можноста за исто сценарио од 90-тите кога со развојот на интернетот се појавија голем број на е-компании, но тие подоцна исчезнаа. Самата технологија-интернетот не само што остана, туку сега игра клучна улога во нашите животи“, вели Медведев.

Криптовалутите можеби за неколку години ќе исчезнат, но технологијата на која се базираат- блокчејн ќе остане дел од секојндевната реалност и тоа сценарио според Медведев не може да се исклучи.


Слично

Поврзани вести