Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медиумската слобода во Македонија бележи значителен пад

Медиумската слобода во Македонија бележи значителен пад

Во минатата година Македонија беше на 123 место, што според најновиот индекс на слободата на медиумите, е за 6 места подобро додека овгодишниот извештај на Репортери без граници, покажува сосема поинаква слика.

Македонија, по слободата на медиумите, се најде на 117 место од 180 земји во светот.

Во образложението на Репортери без граници се наведува дека ситуацијата со македонските медиуми во минатата година продолжила да биде лоша. Годината била обележана и со злоупотреба на законодавството за клевета, како и со политички мотивирана распределба на државните рекламирања.

Репортери без граници нотираат дека новинарот Томислав Кежаровски во 2014 се‘ уште бил во домашен притвор откако во октомври 2013 година е осуден на четири ипол години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок. Неговата казна во јануари годинава му е намалена на две години затвор. Новинарите се соочувале со проблеми при известувањето од настаните. Во јуни полицијата принудила неколкумина новинари да ги избришат фотографиите и видеата од протестот што го следеле, наведуваат од РБГ во забелешките.

На врвот на листата, според слободата на медиумите, и натаму е Финска, пред Норвешка, Данска, Холандија и Шведска. Германија напредувала за две места и сега се наоѓа на 12. позиција. На дното, вообичаено се Еритреја, Демократска република Кореја, Туркменистан и Сирија.

Слично

Поврзани вести