Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕДИУМСКА КАРИКАТУРА: Можеби е подобро да нема АД-ХОК тело?!

МЕДИУМСКА КАРИКАТУРА: Можеби е подобро да нема АД-ХОК тело?!
Фактор ги праша медиумските работници, што мислат за ад-хок телото за медиуми? Грешка или мртвороденче? Или и едно и друго? Дали немањето консензус е само слика и прилика на гротексната состојба во македонскаат политика? Ова се нивните одговори. zanetaЖанета Трајковска , директор на Високата школа за новинарство и односи со јавност „Ние рековме уште пред повеќе месеци дека не веруваме дека ад хок телото е решение. Ова што не може да издберат 5 ти член е само потврдува дека телото ќе биде место за политички пресметки и инаетења. Па може да се случи и дополнително да ја блокира работата на АВМУ. Партиите требаше да најдат сила и одговорност да ја ослободат Агенцијата од политички притисоци и да ја професионализираат. Се понатаму е фарса. Натегањата и конфронтациите околу изборот на 5-ти член на ад хок тело  се сведува на битка за задоволување на одредени политичко-партиски интереси“ . Тамара Чаусидис, претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски рабоници tamara-causidis„Ова што се случува со ад хок телото е толку гротескно и карикатурално што воопшто и не се квалификува за коментар. Но ако инсистирате на тоа можам да кажам дека ситуацијата ги надмина сите песимистични очекувања. Имено, се претпоставуваше дека ваквото времено и рогобатно решение нема да резултира со вистински и реални промени, туку ќе биде некаков формален приврзок на Агенцијата, но се покажа дека таа „идеја“ всушност има и поголем деструктивен потенцијал - да блокира, да соголи и да изложи на потсмев цела една професија. Или она малку здраво ткиво што остана во професијата. Мислам дека со овие случувања, кавги, газења на професионалниот интегритет на луѓето свесно или не дојдовме до точка на амалгамско спојување и на изедначување на сите, и комплетно руинирање на секоја можност, а таа и претходно беше исклучително мала - тоа „тело“ да има грам интегритет. Можете да замислите кога вака го бираат петтиот член како ќе изгледаат нивните решенија? Не можам да кажам дека ми е сеедно. Многу грдо и горко чувство предизвикуваат сите случувања околу ад хок телото. Верувам дека не сум единствена во тоа“. Газменд Ајдини, поранешен новинар и директор на Центарот за развој на медиуми 12936577_992013630892309_4053419559632931082_n„Oчигледно е дека ад хок комисијата е ад хок решение, кое не е ниту системско ниту долгорочно. Тоа според мене е некакво “соломонско “ решение на субјектите вклучени во политичката криза односно политичките партии, и реално единствениот бенифит од ова решение е што не дозволи медиумите односно медиумското прашање , да не бидат “виновници “ за неодржување на изборите. Но сепак , како секогаш кај нас , и ова решение има ненамерна или намерна “ фабричка грешка”. Начинот на кој е предвидено да се формира ова тело е во најмала рака чудно. Наместо од самиот почеток да се постигне консензус помеѓу политичките партии за пет, во нашава ситуација, “најмалку зависни” експерти, се тргна од другата погрешна страна, предлагање на “представници” на истите , на кои ќе се префрли вината за немање консезус околу петиот член. Ова, дава индиции за немање волја за профункционирање на самото тело. Од друга страна, “петиот член “ според мене презима преголем товар на себе, затоа што очигледно е дека неговиот глас, во сите случаи ќе биде пресудувачки, во некоја предпоставка дека другите четри се дефинирани. Ова “решение “ нема да реши ништо во медиумската сфера, затоа што нејзе не и требаат ад хок решенија туку системки решенија кои не се само законодавни , особено не само промена на таканаречените “ медиумски закони “, туку многу пошироки промени“. Гоце Трпковски, новинар DSC02108-224x300„Ад-хок телото за медиумите е само продолжение на еден процес во кој вистината се мери на кантар, односно вистина е она за што повеќе луѓе ќе се согласат дека е вистина. Македонија подолго време функционира според овој „принцип“ и според него се определува се`, на пример дали се добри економските, здравствените, образовните и другите политики, дали има граѓански, медиумски или други слободи, дали архитектонските решенија се соодветни или не, итн. Во сите случаи за вистина се сметаше секоја позиција што ќе ја поддржат поголем број луѓе, или ќе ја застапува некој што бил поддржан од поголем број луѓе на избори. Нормално дека станува збор за крајна релативизација на вистината и на фактите и нивно поклопување со произволни толкувања. На вистината и` се дава вредност исто колку и на невистината, и таа мора да се натпреварува со неа. За да биде апсурдот уште поголем, токму медиумските реформи што имаа за цел да ја запрат оваа појава и да овозможат фактите да останат факти, доведоа до формирање на ад-хок тело што ќе функционира според сосема истиот принцип: ќе се утврдува дека новинарските стандарди биле прекршени тогаш кога барем тројца од петтемина членови на телото ќе се согласат за тоа. Затоа немам никакви очекувања дека со ова ќе се подобри состојбата со медиумите“. Подготви Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести