Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медиумите од Југоисточна Европа побараа итно ослободување на Кежаровски

Медиумите од Југоисточна Европа побараа итно ослободување на Кежаровски

Итно ослободување на Кежаровски побара и Мрежата за професионализација на медиумите од Југоисточна Европа (МПМЈЕ) Во мрежата членуваат 17 невладини организации од 12 земји.

„Мрежата за професионализација на медиумите од Југоисточна Европа е длабоко загрижена за здравствената состојба на македонскиот новинар Томислав Кежаровски, кој почна штрајк со глад на 22 јули, откако е во притвор од 28 мај. МПМЈЕ, кој вклучува 17 невладини организации, меѓу кои и Македонскиот институт за медиуми, Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, бараат итно ослободување на Кежаровски.

Причина за штрајкот со глад е што двапати се продолжи притворот на Кежаровски од по 30 дена, и покрај тоа што тој понуди материјален залог на 11 јули дека нема да избега ако му биде дозволено да се брани од слобода, судот не донесе одлука. Неколку меѓународни организации за човекови права ги изразија своите остри критики во врска со случајот „Кежаровски“ и бараа да му биде дозволено да се брани од слобода“, се вели во писмото на МПМЈЕ.

Претходно во текот на денот и Независното здружение на новинари на Србија-НУНС изрази солидарност со новинарот на дневниот весник „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски, кој во понеделникот започна со штрајк со глад во затворот „Скопје“.

НУНС го поддржува барањето на македонските новинари Кежаровски да се пушти да се брани од слобода.

Констатирајќи дека голем број организации го осудиле апсењето на Кежаровски, од НУНС потсетуваат и дека ОБСЕ посочила дека затворањето на Кежаровски има негативен ефект на слободата на печатот и дека на новинарите мора да им биде дозволено истражувачко новинарство за прашања од јавен интерес, без закани од затвор и без присилување да се откријат изворите.

Слично

Поврзани вести