Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медиумите на Балканот: Паника од ебола во Македонија!

Медиумите на Балканот: Паника од ебола во Македонија!
Веднаш по објавувањето на информацијата за првиот сомнителен случај на ебола во Македонија, информацијата ја пренесоа сите медиуми во регионот. „ЕБОЛА НА БАЛКАНОТ: Маж заразен со опасниот вирус почина во Македонија!“, објави хрватски Јутарњи лист на својот портал. Во текстот се наведува дека иако официјална потврда нема, здравствените власти се речиси сигурни оти симптомите кои ги покажувал пациентот се исти како оние од опасниот вирус. „Прва жртва од ебола во Македонија“, јавува српски РТС. Се пренесуваат информациите од македонските медиуми - дека изолиран е уште еден британски државјанин со слични симптоми, а во карантин е и персоналот на хотелот каде престојувале туристите, како и медицинскиот персонал што ги третирал. Според Ал Џазира, македонските власти побарале информации од Светската здравствена организација за да побараат упатства за следните чекори. Инфромацијата ја објавува и британската агенција Ројтерс, која за случајот добила потврда од неименуван извор во македонската Влада.
Слично

Поврзани вести