Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕДИУМИ ЗА ДАТУМ: Гнил компромис за двострано незадоволство!

МЕДИУМИ ЗА ДАТУМ: Гнил компромис за двострано незадоволство!
Кому повеќе му одговараше одлагање на изборите, на Груевски или на Заев. Општо познатата реченица во дипломатијата, компромисот значи двострано незадоволство, во ситуацијава се чини најточно. Ниту е Заев среќен што доби избори без регулирани медиуми, ниту е Груевски задоволен што по којзнае кој пат мораше на членството да му објаснува дека тој попуштил. А сите копја се кршеа за две работи. Избирачки список и медиуми. За списокот Груевски очигледно немаше друга опција, елементарното прочистување мора да спречи евентуален масовен фалсификат на кој предупредува опозцијата. Прикажа и многу индиции кои навестуваа дека изборите во Македонија биле многу далеку од скандинавски. Дали пак имало масивни фалсификати ќе покажат изборите. Еве го јуни. За медиумите опозицијата покажа дури и посилни индиции дека се всушност пропаганда за власта. Барем според бомбите на Заев. Ова сепак не беше доволно за странците да го притиснат Груевски. Или пак, тој бил многу тврд. По логиката на преговори, „менувам датум за медиуми“ е логично решение на компромисот, но дали е тоа логично решение ако се знае дека медиумите играат клучна улога во креирањето на јавното мислење? Тоа ќе си ценат преговарачите, Груевски и Заев. Груевски ги доби медиумите, Заев датумот. Кој ќе победи останува да се види. Најпосле можеби на опозицијата и фалеа токму овие 40 дена за да ги консолидира своите редови и да направи пресврт во гласачкото тело. Без консолидација, програма и нови луѓе, СДСМ тешко би победил и во септември, така да не менува најмногу јуни или септември. Ова е можеби шансата за опозицијата.

Ова е уште еден пораз за Никола Груевски, кој призна дека нема услови за фер избори на 24-ти април, порача опозицискиот лидер Зоран Заев.

-Оваа одлука е уште еден пораз на Никола Груевски. После сите лаги и измами, после сите прекршувања на Договорот од Пржино, како одложувањето на решавањето на Изборниот законик и решавање на прашањето со слободните медиуми, тој призна дека нема услови за одржување на фер и демократски избори. Никола Груески се плаши од слободни и фер избори затоа што се плаши дека ќе ги изгуби. Пред само еден час ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека нема поместување на датумот од 24 април, а ете и тоа се случи. Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски, тој е минато. За фер избори СДСМ ќе ја презеде одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните, изјави лидерот на СДСМ во куса прес конференција за јавноста во партиското седиште.

Власта пак, притисната однадвор и одвнатре, со обвинувањата дека е автократска, немаше други избор. Датумот мораше да го даде, сметајќи дека разочарувањето на своето членство ќе го компензира со непопустливоста во прегиоворите за медиумите. „По долги денови и анализи на кои, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден, со цел не да го задоволиме СДСМ, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани, но и злоупотребени од сите оние кои не и сакаат добро на Македонија. Низ анализите претставниците не убедија дека ова ќе е единствено пролонгирање на изборите, второ дека до изборите на 5-ти јуни нема да има преговори за начинот на организирање на изборите, бидејќи и тие веруваат дека ДИК ќе има доволно време. Договорено е да нема поставување на нови услови, вклучувајќи го и законот за медиумите. “- изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Граѓаните можат да воздивнат, на политичката криза и се гледа крајот, иако очевидно е направен гнил компромис од кој може да испадне на крајот, да се најнезадоволни токму граѓаните.
Слично

Поврзани вести