МЕДИУМИ: Трансфери и продажби – предизборно групирање !
Телевизијата “Нова“ на бизнисменот Сеад Кочан веќе е заведена во регистерот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, регистрирана како телевизија која ќе биде од претежно информативен формат и ќе зрачи на терторијата на целата држава. Додека едни добиваат концесии, други медиуми со жестока реакција. Радиото Канал 77 објави дека трет пат по ред е одбиено од страна на АВМУ за добивање на дозвола за телевизија од информативен карактер. Додека на “зелената маса“ сеуште политиката ја крои судбината на медиумите во предворје на предвремените параламентрани избори, во бизнисот се спроевдуваат сериозни поместувања, транфери и промени.
За некои нов почеток, за други – неизвесност ..
Телевизијата “Нова“, во 100% сопственост на бинзисменот Сеад Кочан стана дел од медиумскиот простор. Имено, во најновиот регистер на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми пишува дека оваа телевизија ќе биде од претежно информативен карактер, ќе зрачи на територијата на Македонија преку јавна електронска комуникациска мрежа која не користи органичен ресурс. Како одговорно лице е посочена Асмира Кочан. Телевизијата ќе емитува програма на македонски јазик, сеуште не е регистрирано името на главниот и одговорен уредник, како и уредници на останатите сектори. Програмата треба да започне најдоцна на 15 јануари 2016 година. Токму оваа телевизија, која се појави како нов играч на пазарот, се посочува како голем инвестициски зафат во вкупниот медиумски бизнис. Веќе беше објавен оглас за прием на голем број на новинари, уредници и технички кадар, но во новинарските кругови не запираат шпекулациите дека дел од позициите ќе бидат доделени на новинари-уредници кои веќе работат во некои од националните телевизиски куќи со уредништво кое е во насока на поддршка на актуелните владини политики. Инаку, бизнисменот Сеад Кочан е сопственик на градежната компанија “Трансмет“ која се појавува на дел од државните трендери во градежништвото.
Додека од една страна Телевизијата “Нова“ ја лиферуваше и првата рекламна најава за своето постоење, од друга страна дојде жестока реакција од радиото Канал 77, кое и по третиот обид, не успеа да добие дозвола за телевизиско емитување.
“Во објавената Студија од Агенцијата за оправданоста добивање на дозвола за телевизија каква што бара Канал 77, стои: дека “Реакциите на моменталните играчи се очекувани и легитимни бидејќи новиот играч освен што би земал дел од нивниот профит, може да наштети на целокупната индустрија доколку економски не го оправда своето постоење и згасне по одреден период.” Агенцијата е загрижена за финансискиот ефект за инвеститорот, кој во слободната економија, сам го презема ризикот со отворањето на нов медиум!“, коментираат од Канал 77 и додадваат дека на расправата во Агенцијата при гласањето за оправданоста за отварање на конкурс за доделување на дозвола за телевизиско емитување на национално ниво преку дигитален терестеријален мултиплекс, од седумте члена, против беа членовите блиски до владеачката партија, додека воздржано гласаа претставникот од ЗНМ и единствените двајца членови Албанци.
Во меѓувреме, веќе свои ТВ сигнали пуштија уште две телевизии: ТВ Шења, која според регистерот емитува програма на албански, турски и македонски јазик и ТВ 21 која зрачи на македонски и на албански јазик. Овие два медиуми веќе повлекоа новинарски и технички кадар од постоечките медиуми.
Во јавноста веќе се лиферуваа информации за можни продажби на две национални телевизии АластМ и Канал5. Според дел од шепекулациите, за можни промени се зборува и во Алфа Телевизија. Познавачите велат дека сите овие придвижувања, во смисла на продажни на постоечки и отворање на нови телевизии, може да се анализираат и од политички и од економски агол. Имено, тие се случуваат во предворје на најавените предвремени парламентарни избори, кои и власта и опозицијата ги сметаат за исторски и одлучувачки, па оттука се отвора прашањето дали и партиите завземаат рововска позиција преку медиумите. Втората димензија е економската, која директно задира на понудата и побарувачката на новинарски и технички кадар во медиумите, со оглед на тоа што во тек се поголем број на транфери на медиумски работници, а се најавуваат и нови.
Реформите во МРТ – пресудни ?
Медиумите, како дел од пржинскиот договор сеуште се на зелената маса и чекаат конечен политички потпис. Во фокусот е реформата во МРТ која треба да финишира со нови кадрвски решенија, но и промени во сегашниот начин на избор на раководните тела, со што треба да се елиминира можноста од натамошна партизација и политизација на јавниот сервис.
Претстојните промени во јавниот сервис МРТ не смеат да бидат краткорочни политички решенија само во функција на претстојните избори, туку реформата мора да се сведе на реорганизација која ќе ја врати основната функција – заштита на јавниот интерес и одвојување на партијата од државата, велат дел од новинарите што ги анкетираше “Порталб“ во пресрет на финализирање на договоорт од Пржино што се однесува на медиумите.
“Не ја потценувам улогата на јавниот сервис во општетството, но сум убеден дека во период од месец или два е тешко изводливо јавниот сервис да го поставите на такви основи што веднаш би продуцирал резултати во влијанието и гледаноста. За такво нешто е потребна силна реформска палка, која освен системски ќе вклучи и низа кадровски решенија. И секако политичка волја од страна на власта, која очекувано ќе ја нема, и која ќе се обиде на сите можни начини да ги опструира договорите. Како и да е, резултатите би дошле најрано во рок од 3 до 6 месеци. - вели Младен Чадиковски, уредник на “Фокус“.
Од Синдикатот на новинари и медиумски работници ги поддржаа предлозите на ЗНМ кои се однесуваат на претстојните реформи во МРТ, инситирајќи на тоа дека надминувањето на проблемите не смее да биде сведено на краткорочни решенија и кадровски пазарења. Роковите политички договор околку реформите во медумите се прбиени, и според последната изјава на медијаторот Питер Ванхојте нема преголем оптимизам за приближување на политичките ставови.
“Не сум сигурен дека наскоро ќе може да се постигне договор бидејќи ситуацијата е напната, особено со приближувањето на изборите и оставката на премиерот која треба да се случи за неколку недели. Очекувам на површина да излезат многу емоции кои уште повеќе ќе го попречат постигнувањето договор. Сепак, политичките партии мора да го продолжат дијалогот. Ако не сакаат да го направат тоа, тогаш и спроведувањето на договорот може да биде проблематично“, изјави посредникот Ванхојте.
Според последната анкета на ИРИ, телевизиите и натаму остануваат клучен извор на информирање, иако нивниот удел се намалува. Во октомври годинава, според истражувањето на републиканскиот институт, 87% од анкетираните изјавиле дека телевизијата е основен извор за добивање на политички информации, односно вести. Во споредба со јуни и декември лани, бројот на граѓани што се информираат од ТВ се намалил за три отсто. Од друга страна, се зголемува влијанието на радиото и на печатените медиуми. Имено, 7% од испитаниците изјавиле дека за политичките вести се информираат преку радио а 16% преку печатени медиуми. Сепак, зад доминацијата на телевизиите се интернет порталите и социјалните мрежи, од кои се информираат 23% од граѓаните.
Р.Ф.
Слично
