Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕДИУМИ и ИРИ АНКЕТА: Се најавуваат тектонски поместувања во ТВ бизнисот!

МЕДИУМИ и ИРИ АНКЕТА: Се најавуваат тектонски поместувања во ТВ бизнисот!
Телевизиите со учество од 87% и натаму остануваат клучен извор за инфмрирање на граѓаните, но дел од националните медиуми, според новата анкета на ИРИ во октомври годинава, во споредба со јуни, покажале послаби резултати кога станува збор за гледаност на политичка програма, односно вести. Додека републиканскиот институт  скенира сегменти на медиумската арена, вкупниот бизнис, според познавачите влегува во фаза која навестува можни сериозни поместувања, особено во делот на отворање на нови телевизии, најава за продажба на постоечки но и претстојните можни промени во јавниот сервис МРТ. Што покажаа мерењата на ИРИ за телевизиите ... Телевизиите и натаму остануваат клчен извор на информирање, иако нивниот удел се намалува. Во октомври годинава, според истражувањето на републиканскиот институт ИРИ, 87% од анкетираните изјавиле дека телевизијата е основен извор за добивање на политички информации, односно вести. Во споредба со јуни и декември лани, бројот на граѓани што се информираат од ТВ се намалил за три отсто. Од друга страна, се зголемува влијанието на радиото и на печатените медиуми. Имено, 7% од испитаниците изјавиле дека за политичките вести се информираат преку радио а 16% преку печатени медиуми. Сепак, зад доминацијата на телевизиите се интернет порталите и социјалните мрежи, од кои се информираат 23% од граѓаните. Според мерењата на ИРИ, ослабува позицијата на дел од националните телевизии кога станува збор за политички вести, односно програма. На врвот на листата е  АлсатМ. Следува Сител телевизија, на која 23% од испитаниците изјавиле дека гледаат политички вести, пришто во однос на јуни, позицијата во овој сегмент и е ослабена за два отсто. Со 24%,  непроменета позиција во однос на јуни, е АлсатМ.  На трето место, со пад во однос на јуни е  Канал 5 а на четврто место, според гледаноста на политичка програма е 24 Вести, која ја задржува истата позиција во овој сегмент. Националниот сервис МРТ, според анкетата, претставува извор за политичко информирање на 5% од граѓаните. STATTv   Мало подобрување е регистрирано во делот на печатените медиуми, имено 63% од испитаниците изјавиле дека се инфрмираат од овие медиуми, што претставува подобрување во однос на состојбата во јуни. Од неделните печатени медиуми предничи “Фокус“, за кој 5% од анкетираните изјавиле дека е извор на политички вести. Зад “Фокус“ се “Република“ и неделникот “Капитал“. Анкетата е спроведена во периодот од 29 септември до 5 октомври на примерок од 1 106 граѓани. Нови телевизии, продажби, преговори, превземања … Спроведувањето на превземените обврски со договорот од Пржино за Јавниот сервис МРТ се на финиш. Рокот за решение и на овој сегмент од пржинскиот договор е денес, но дали и ова прашање ќе заглави во политичките преговори, ќе се знае во текот на денот. Од СДСМ веќе изјавија дека очекуваат договор. “Добивме ветување од ВМРО-ДПМНЕ дека утре ќе дадат свои предлози, иако тоа веќе требаше да го сторат. Веќе десетина дена нема никакви предлози од таму. Утре, сепак, ќе има договор за медиумите“, изјави вчера портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Од Синдикатот на новинари и медиумски работници ги поддржаа предлозите на ЗНМ кои се однесуваат на претстојните реформи во МРТ, инситирајќи на тоа дека надминувањето на проблемите не смее да биде сведено на краткорочни решенија и кадровски пазарења. Додека на “зелената масса“ политичарите ќе ја решаваат судбината на МРТ, во јавноста веќе се шпекулира со различни инфрмации, особено во делот за можни уреднички и директорски смени. Во меѓувреме, на медиумскиот пазар веќе се појавија нови играчи. Неодмана почна да зрачи ТВ 21, која емитува програма на албански и на македонски јазик. На стартот беше соопштено дека инвестицијата е вредна 6,5 милиони евра а  медиумот се промовираше со модерно судио и техника. Од вчера почна да зрачи новата телевизија  “Шења“, проект на „Медиа ворд њуз“ со двојазична програма на албански и македонски. Програмата  ќе се следи и на територијата на Албанија, Косово и дијаспората. Токму ова телевизија пак беше причина за тектонски поместувања во АлсатМ, од каде транфер во новата “Шења“ направија група на уредници и новинари, но и технички кадар. Според инфрмациите, и оваа телевизија допрва кадровски ќе се екипира. Наскоро почнува да зрачи уште еден медиум. Станува збор за радиудифузното друштво Телевизија Нова, која е во сопственост на скопскиот бизнисмен Сеад Кочан. Според информациите од новинарските кругови, телевизијата ќе биде опремена со современна техника а веќе во тек се огласи за вработување на различни профили на кадар, меѓу кои и тим од 40 на новинари и уредници. Во новинарските колуари се коментира дека оваа телевизија може да биде логистика за новинарскиот кадар кој би ја напуштил МРТ, при евентуалните  кадровски промени во  јавниот сервис. Во јавноста веќе се лиферуваа информации за можни продажби на две национални телевизии АлсатМ и Канал5. Според дел од шпекулациите, за можни промени се зборува и во Алфа Телевизија. Спроти сите овие информации, она што е познато и потврдено е дека за краток период на медиумскиот пазар се екипираат три нови телевизии, кои влегоа и во значајни инвестициски зафати, а претстојат и најавените реформи во јавниот сервис. Познавачите велат дека овие придвижувања  може да се анализираат и од политички и од економски агол. Имено, тие се случуваат во предворје на најавените предвремени парламентарни избори, кои и власта и опозицијата ги сметаат за исторски и одлучувачки, па оттука се отвора прашањето дали и партиите завземаат рововска позиција преку медиумите. Втората димензија е економската, која директно задира на понудата и побарувачката на новинарски и технички кадар во медиумите, со оглед на тоа што во тек се поголем број на транфери на медиумски работници, а се најавуваат и нови. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести