Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Медикус“ казнета за илегална трговија со човечки органи

„Медикус“ казнета за илегална трговија со човечки органи

Седум ипол години затворска казна за Љутфи Дервиши, сопственик на клиниката „Медикус” од Косово.

Му се судеше за илегална трансплатација и трговија со човечки органи.

Оваа пресуда ја донесе Основниот суд во Приштина, по неколу години судски процес.

,,Докажано е дека Љутфи Дервиши, како сопственик и со лично учество на операциите, иако знаел дека прави недозволени дејствија, продолжил во повеќе наврати да регрутира ,,донатори“ на органи и да ги трансплатира во приматели, односно пациенти“-се вели во пресудата.

Дервиши со неговиот ,,тим“, извел најмалку 23 трансплатации на бубрези во 2008 година, така што на сиромашни дарители им плаќал одредени суми пари, а органите потоа ги продавал и транспплатирал на богати клиенти, најмногу од Израел, за 80.000 до 100.000 евра.

ФОТО: Бирн

Слично

Поврзани вести