Медијаторот Нимиц порача: Сега е време да се реши прашањето со името!
Сега е вистинското време да се реши прашањето со името изјавил медијаторот Метју Нимиц за грчкиот весник „Катимерини“.
Тој ја нагласил потребата од „брза интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ“ укажувајќи дека заемен договор би го отворил патотк кон подобра соработка , посилен евроатлански пристап кон решавање на регионалните проблеми и нешто што би било од интерес за двете земји.
Медијаторот не го крие оптимизмот за наскоро решавање на проблемот со името бидејќи како што вели, спорот за името не бил меѓу важните приоритети на двете земји.
„Не ги критикувам околу тоа но мислам дека сега е времето да се фокусираме на ова прашање со поголем интензитет и со цел да се реши. Апсолутно сум убеден дека прашањето може да се реши, бидејќи ова не е случај каде што едната страна победува, а другата губи. Можно е да има решение кое ќе биде од корист за двете земји, постигнувајќи ги целите на секоја страна. Мораме прашањето да го вметнеме во еден итен процес и да ги вклучиме лидерите на двете земји. Процесот на ОН, но исто така и поддршката од пријателите, можат да бидат од големо значење“, рекол Нимиц. Нимиц потенцирал дека наскоро двајцата премиери, Груевски и Ципрас ќе имаат средба и дека и двајцата имале стратешка визија и волја за наоѓање на решение. Во поглед на неговото мислење за премиерот Груевски, медијаторот истакнал дека Груевски е „интелегентен и има силна личност, е ефективен лидер и од сите аспекти е свесен за прашањето“.
Слично
