Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меџити: Изградбата на крстот е провокација кон сите Албанци во Македонија

Меџити: Изградбата на крстот е провокација кон сите Албанци во Македонија

Протестот против изградбата на 55-метарски крст во општината Бутел, заврши без инциденти, со поставување шатори на локацијата каде што пред неколку дена беше камен-темелникот.

Фунцкионерите на ДУИ денеска го предводеа протестот, и заедно со демонстрантите ја урнаа оградата од темелникот, поставија албански знамиња и со музика пред шаторите порачаа дека нема да дозволат изградба крстот.

Градоначалник на општината Чаир, Изет Меџити рече дека иако протестот е организиран од ДУИ, тој го го изразува револтот на сите Албанци во Македонија од поставување на верски симболи на среде улица.

„Тука сме уште еднаш да го искористиме нашето демократско право – изразување на револт како Албанци, Албанци – муслимани, Албанци – католици, Албанци – православни, бидејќи цениме дека оваа невалидна одлука на општина Бутел е провокација кон сите Албанци во Република Македонија. Затоа на овој протест нема партиско знаме иако е организиран од ДУИ, туку има само албанско знаме за да изразиме револт сите како Албанци кон оваа одлука, бидејќи со ова се провоцираат меѓуетничките и верските односи во Република Македонија “ - рече Меџити.

Тој најави дека протестите нема да запрат се додека не се повлече одлуката за поставување 55-метарскиот крст.

Слично

Поврзани вести