МЕЧКА СЕ ПОЈАВИЛА ВО ГРАДСКИ ПАРК, ШУМАРИТЕ ЈА „ЛОЦИРААТ“ - Граѓаните на Приштина живеат во страв
Градот Приштина одлучи да го затвори паркот Грмија, откако во паркот беше забележана мечка, пренесува Економија онлајн.
Во соопштението на градските власти се вели дека постои можност мечката да дошла до планинските патеки што водат од планината Голеш.
Ловечките стражари и полицијата се обидуваат да ја лоцираат мечката, а со цел да избегнат каква било опасност, паркот Грмија ќе биде затворен за граѓаните до понатамошно известување, пишува Косово онлајн.
Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, апелираше до граѓаните од овој град да избегнуваат посета на паркот Грмија, каде што денеска беше забележана мечка, како што посочи.
Ахмети на Фејсбук напиша дека добил информации за појава на мечки во овој парк од косовската полиција.
„Мечката не е дел од ‚Паркот на мечки', така што постои можност да дошла преку планински патеки што се поврзуваат со делот на Голеш. Шумарите се обидуваат да ја лоцираат мечката, но додека тоа не се случи и не се објави, ве молиме избегнувајте да поминувате и да шетате во паркот Грмија!“ - рече Ахмети.
