Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕ ПРИНУДИЈА ДА ИЗЛЕГУВАМ ОД ФРИЖИДЕР АМА СЕГА МИ Е МИЛО: Вучиќ и на торта во стилот на рекламата

МЕ ПРИНУДИЈА ДА ИЗЛЕГУВАМ ОД ФРИЖИДЕР АМА СЕГА МИ Е МИЛО: Вучиќ и на торта во стилот на рекламата

Откако синоќа и се обрати на јавноста и рече дека освоил речиси 60 отсто од гласовите на претседателските избори во Србија и со тоа прогласил победа, претседателскиот кандидат Александар Вучиќ беше поздравен од сопартијците со торта, но не обична.

Имено, тортата е во форма на фрижидер од која излегувала фигурата на Александар Вучиќ, алудирајќи на неговата реклама од предизборната кампања која предизвика бројни реакции во јавноста.

Вучиќ синоќа призна дека можеби и „тој фрижидер“ влијаел на изборниот резултат, наведувајќи дека прво го принудиле да ја сними рекламата, но дека сега му е мило. Имено тој така и одговори на една од новинарките од опозициските медиуми која го праша како се чувствува кога излегува од фрижидер во земја во која луѓето едвај врзуваат крај со крај. 

Новинарката го прашуваше повеќе, но Вучиќ заврши со зборовите: 

„Невозможно е да ми го расипете расположението вечерва, расположете се, насмевнете се, сигурна рака ве води низ историјата, рече тој.

Фото EPA


Слично

Поврзани вести