Економија, финансии, бизнис

Контакт

McDONALD'S СЕ ВРАЌА ВО УКРАИНА: Отворањето првo е најавено за во Киев

McDONALD'S СЕ ВРАЌА ВО УКРАИНА: Отворањето првo е најавено за во Киев

Компанијата Мекдоналдс денеска објави дека планира повторно да ги отвори своите ресторани во Украина во следните неколку месеци, што е прв сигнал за враќање на западните компании во таа земја, иако конфликтот со Русија продолжува, пренесува Ројтерс.

Најголемиот ланец на хамбургери во светот ги затвори сите ресторани во Украина и Русија во март, по инвазијата на Москва на оваа источноевропска земја.

Мекдоналдс, кој имаше 109 ресторани во Украина, не прецизираше колку планира повторно да отвори, а повеќето од своите 850 ресторани во Русија во мај ги продаде на еден од своите локални партнери за лиценца.

-Одлуката за повторно отворање на локациите во Украина беше донесена по обемни консултации и дискусии со украинските официјални лица, добавувачи и експерти за безбедност и земајќи ги предвид молбите на вработените да се вратат на работа, рече Пол Помрој, шеф на секторот за Мекдоналдс.

Компанијата додаде дека работат на тоа да обезбедат добавувачите да доставуваат намирници во рестораните и да ги вратат вработените на работа додека ги подобруваат безбедносните протоколи.

Американскиот ланец на хамбургери прво ќе започне со повторно отворање ресторани во Киев и западна Украина, области поштедени од конфликтот.


Слично

Поврзани вести