МАЖИТЕ ИЛИ ЖЕНИТЕ: Кај кого невработеноста е поголема во земјава?
Во последното тромесечје лани без работа биле 115 717 мажи и 70 086 жени.
Ова го покажуваат бројките на Државниот завод за статистика.
Може да се забележи дека бројот на невработени мажи и жени се намалил во однос на 2017 година, кога невработени биле 129 957 мажи и 78 529 жени.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во IV тримесечје од 2018 година, активното население во
Република Македонија изнесува 957 609 лица, од кои вработени се 771 806, а 185 803 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 45.9, додека стапката на невработеност
изнесува 19.4.
Слично
