Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж вооружен со нож упадна во амбасадата на Србија

Маж вооружен со нож упадна во амбасадата на Србија

Маж со нож денес ја прескокнал оградата на амбасадата на Србија во Атина, објавија грчките медиуми.

Според некои медиуми, човекот бил во дворот на Амбасадата, а според други во зградата, и не се знаело дали тој држи заложници. Медиумите објавија дека тој е српски државјанин. Се смета дека се работи за лице со психички проблеми. 

Тој бил пијан, а полицијата успеала да му го одземе ножот и дека го однеле во полициската управа. Два часа се преговарало со него. 

Упадот се случил околу 9.30 по локално време, пријавил грчкиот полицаец-чувар на амбасадата.

Слично

Поврзани вести