Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж со пиштол упаднал во Српската патријаршија, барал 200.000 евра за одбрана на Косово и Црна Гора

Маж со пиштол упаднал во Српската патријаршија, барал 200.000 евра за одбрана на Косово и Црна Гора

Бранко Л.(42), црногорски државјанин  денеска влегол во зградата на Патријаршијата на Српската православна црква во центарот на Белград, извадил пиштол и побарал од благајникот и сметководителот, 200.000 евра, како што објави ТВ Пинк „за одбрана на Косово и Црна Гора”.

Еден од заложниците успеал да ја повика полицијата која реагирала и успеала да го совлада напаѓачот кој носел пиштол марка „берета 765“. Во инцидентот никој не е повреден.

Станува збор за човек кој бил поранешен припадник на црквата и за кого нема полициско досие.

Против него ќе биде покрената постапка.

Патријархот Иринеј изјави дека не му било пријатно кога поранешниот припадник на црквата упаднал во зградата на Патријаршијата и побарал 200.000 евра, а од Кабинетот на патријархот изјавија дека ситуацијата била сериозна, дека лицето упаднало во просторијата до вратата на Патријархот и дека преговорите со напаѓачот траеле повеќе од еден час.

Слично

Поврзани вести