Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж се самоуби со бомба во Петриња

Маж се самоуби со бомба во Петриња

Маж се разнел со бомба во хрватскиот град Петриња, кој при крајот на декември лани беше погоден од силен земјотрес од 6.2 степени. 

56-годишен маж утрово извршил самоубиство со активирање на експлозивна направа, потврди сисачко-мославинската полиција. На местото на настанот излегла екипа на полицијата која ќе ги утврди сите околности од настанот, кажал за Хина, портпаролот на тамошната полиција, Дарио Качмарчик.

„Овие подрачја се трауматизирани, ова е единствената судбина која дава порака. Психолошката помош доаѓа, а прашање е колку ќе биде тоа доволно. Жал ми е, мое сочувство за фамилијата“, изјави градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ.

Поголем дел од градот е во урнатини по разорниот земјотрес кој ја погоди Хрватска на 29 декември при што загинаа осум луѓе. Има пријавени штети во повеќе од 37 илјади објекти, од кои досега 2.200 се прогласени за непоправливи. Повеќе слаби земјотреси денеска се регистрирани во Хрватска. 

Луѓето во околината на Петриња спијат во автомобили или контејнери откако силниотземјотрес им ги оштети куќите. 

Тој силен потрес го почувствуваа и жителите на БиХ. 

Слично

Поврзани вести