Маж растурил летоци „Во Македонија нема Бугари“ пред резиденцијата на Радев
Непознат маж растурил летоци пред резиденцијата на бугарскиот претседател Румен Радев на „Дондуков 2“. Во нив пишувало: „Во Македонија нема Бугари, само Македонци. И во Пиринска Македонија е така“, објави бугарскиот dir.bg.
Инцидентот се случиl пред за национална безбедност што го свика претседателот Радев. Македонија е главна тема. Шефот на државата и политичките лидери ќе разговараат за позицијата на Бугарија поради зголемениот притисок врз Софија да ја одобри преговарачката рамка на Скопје.
Состанокот на Советот доаѓа во време на зголемен притисок врз Бугарија во изминатите шест месеци, во услови на ветувањата дадени од премиерот Кирил Петков и владата за нова динамика во билатералните односи и планираната посета на Скопје.
Петков во Скопје на 18 јануари ќе се сретне со актуелниот мандатар Димитар Ковачевски.
